Промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ и „Везење“
- Македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“ и „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“, вечер во 18 часот ќе бидат промовирани во просториите на Францускиот институт во Скопје.

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“ и „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“, вечер во 18 часот ќе бидат промовирани во просториите на Францускиот институт во Скопје.
Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а ќе го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и советник за култура и соработка Иго Бештел.
Збор ќе земат и одговорните лица од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе проговорат околу преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето. ра/мд/
Фото: Француски институт