• вторник, 23 април 2024

Промоција на книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј“ во Прилеп

Промоција на книгата  „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј“  во Прилеп

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) - Во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, денеска од 17 часот ќе биде промовирана книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј“ од Бранко Стојановски.Како што информира авторот, книгата составена од документи, наводи и коментари, претставува плод на 30-годишно истражување и е романизирана биографија за животот и делото на Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски, господин господин Ангелариј, вториот архиепископ на Македонската православна црква. 

Присутните ќе ги поздрават градоначалникот Борче Јовчески и митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар.

Промоцијата ќе биде придружена од хорот „Света Петка“ под диригентство на Гоце Секулоски. ар/вг/

Остани поврзан