• петок, 05 декември 2025

Промоција на книгата „Колку сме искрени да кренеме рака“ од Маја Трајковиќ

Промоција на книгата „Колку сме искрени да кренеме рака“ од Маја Трајковиќ

Скопје, 19 ноември 2025 (МИА) - Книгата „Колку сме искрени да кренеме рака“ од Маја Трајковиќ ќе биде промовирана вечер од 19:19 часот во салон „Империјал 2“, информираат од ЈУ Културно-информативен центар - Скопје.

Предвидено е книгата да ја промовира Лилјана Пандева, а извадоци од книгата да чита авторот.

- Маја Трајковиќ, дипломиран професор по француски јазик и книжевност со италијански јазик и книжевност и преведувач на литературни деловно-технички преводи. Магистер по менаџмент во образование. Работи во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ како наставник по француски јазик и стручен соработник-библиотекар со 18 годишно искуство. Добитник на наградите: најистакнат стручен соработник-библиотекар во општина Кисела Вода на годината 2019/20 и 2022/23 година, најдобар училишен библиотекар на републичко ниво на годината 2020/21 година од здружението „Средби под јаворите“, библиотека на годината на годината 2020/21 година од Здружението на библиотекари во Република Северна Македонија  и признание за просветен работник на годината 2021/22 година од Сојуз на просветни работници на Република Северна Македонија и Министерство за образование и наука. Носител, ментор, обучувач и координатор во европски, национални и училишни проекти, посочуваат од установата.

Автор е на делaта „Пресек“, „Мрачeн дом“,  „Животопис“ , „Златна душа“, „Јан и Јана на планина“, „Јан и Јана кај најголемиот водопад во светот“  и „Летен распуст“ и автор на песни во антологии за поезија на меѓународни конкурси.

- Добитник на првата награда „Вакри и Лапанка од Крива Паланка“ посветена на градот Крива Паланка. Преведувач и есеист. Член на Извршен одбор при Здружението на библиотекари на Република Северна Македонија од 2018 година. Координатор на секцијата со училишните библиотеки од основните училишта на републичко ниво и учесник со научни и стручни трудови поврзани со науката и библиотекарството на меѓународни конференции. Носител и координатор  во национални проекти од Министерството за култура при Република Северна Македонија и проекти Etwinning. Автор на научни трудови на меѓународни конференции. Обучувач на темата „Техниките на изучување на француски јазик како втор странски јазик и предавач на темата: „Библиотерапија“ во меѓународниот проект „Творилници“ и „Здружението на просветни работници“ - Скопје. Ментор и координатор на проекти, поврзани со локална заедница и невладини организации. Јавни публикации на својата воспитно-образовна дејност во печатен весник „Нова Македонија“. Јавни публикации во детски списанија „Клик“ и „Росица“ и во електронски медиуми. Добитничка на награда од национален проект „Creative Europe“. Рецензент за учебници за седмо одделение по француски јазик, Скопје, 2020 година, се додава во соопштението.

За романот „Колку сме искрени да ренеме рака“ се појаснува дека е збирка раскази, наменети за тинејџерската публика.

- Во периодот на пубертетот се соочува со недостиг за читање на книги од домашни автори, кој им го поттикнува интересот со теми, кои ги чувствуваат во своето секојдневие, a не секогаш умеат да ги изразат. Главните протагонисти се ликови, кои потекнуваат од сите социјални средини и се со цел да ги надминат меѓусебните разлики и да ги истакнат сличностите во нивните животи, се додава во соопштението. бд/са/

Фото: ЈУ Културно-информативен центар - Скопје

Остани поврзан