• четврток, 04 декември 2025

Прилепскиот театар со „Чиста куќа“ гостува во земјава и во странство

Прилепскиот театар со „Чиста куќа“ гостува во земјава и во странство

Прилеп, 4 декември 2025 (МИА) - Со претставата „Чиста куќа“ ансамблот на Прилепскиот театар денеска започнува гостување во неколку градови во земјава и во странство.

Вечер театарот ќе гостува во Струмица, в сабота, на 6 декември претставата ќе ја види публиката во Велес, а на 13 декември ансамлот ќе гостува во Никшиќ, Црна Гора.

Претставата што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови е според текст на Сара Рул, а во режија на Тамара Стојаноска. „Чиста куќа“ не е само приказна за чистење простор, туку за чистење на внатрешниот емотивен хаос.

Во претставата играат: Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска и Димитар Ѓорѓиевски.

Драматург на претставата е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сенографијата, дизајнот на плакатот и на рекламниот материјал е на Филип Коруновски,  музички соработник на режисерката е Ана Митоска, а изборот на костимите е на Тамара Стојаноска.ем/

Фото: НТ „Војдан Чернодрински“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан