• петок, 22 ноември 2024

Промоција на два романа од Кристина Краличин

Промоција на два романа од Кристина Краличин

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Писателката Кристина Краличин денеска ќе промовира два нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ во издание на ИД-Концепт / Чудна шума.

Промоцијата ќе се одржи во рамки на деновите на литература во Литература.мк во Дајмонд мол. Промотори ќе бидат проф. д-р Ермис Лафазановски и Билјана Црвенковска.

Во описот на авторката се наведува дека романот „Денот пред да се стемни“ е преплетена комбинација на панорамскиот, психолошкиот и љубовниот сегмент на животот што го придружуваат човекот по патот на неизвесноста, во потрагата по сопствената среќа.

Романот  „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“, пак, е психолошки роман со хорор-секвенции, кој го пренесува најдлабокото скриено искуство на сценаристот Тери Милер, кој живее и работи во градот Остин во Тексас, САД.

Кристина Краличин ѝ припаѓа на најновата македонска генерација на писатели. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за италијански јазик и книжевност и американски студии, прочувајќи ги италијанската и американската култура и книжевност.
Автор е на две стихозбирки „Патот на душата по зборот што гори“ и „Poetry as a Perfect Entity: The Ethical Dimension of Life: Verses of the Essence“ на англиски јазик, една збирка раскази и поезија „Collection of Poems and Stories: Love the Differences“ на англиски јазик која е преведена и објавена на италијански јазик „Raccolta di Poesie e Racconti: Ama Le Differenze“, на три романи „Дното на моето небо“, „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа“. Добитник е на меѓународни награди, меѓу кои и интернационалната „Concorso Internazionale “Il Parnaso” – Premio “Angelo La Vecchia” VIII Edizione 2022/23“. Дел од нејзините песни се влезени во две антологии издадени во Италија.

Има објавено повеќе статии и колумни во италијански портал, како и серија мотивациски текстови. са/мд/

Фото: постер за промоција

Остани поврзан