• недела, 22 декември 2024

Промовиран проектот на ГИЗ – „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција“

Промовиран проектот на ГИЗ – „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција“

Скопје, 14 јуни 2022 (МИА) - Од денеска започнува да се спроведува проектот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) - „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција“, кој има за цел да ја зајакне регионалната економска интеграција меѓу членките на ЦЕФТА преку поддршка на спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар.

Министерот за економија Крешник Бектеши на промоцијата на проектот истакна дека трговскиот столб на Акцискиот план има за цел олеснување на слободното движење на стоки, услуги, капитал и луѓето да овозможи економски просперитет на сите граѓани на ЦЕФТА страните. Истовремено, додаде тој, сите активности во рамки на овој столб, но и комплементарно со другите делови на Акцискиот план, ќе овозможат полесно интегрирање на ЦЕФТА земјите во рамки на нивниот пристапен процес кон ЕУ. - Заедничкиот регионален пазар и Акцискиот план преку годишните програми на ЦЕФТА има за цел поддршка кон отстранувањето на неоправданите гео блокирачки мерки со идентификација на овие бариери и препораки за нивното отстранување преку европското законодавство, рече Бектеши. Според него, важен придонес последнава година е остварен преку интензивирањето на активностите за унапредувањето на електронската трговија. Со оваа активност, нагласи, во значајна мерка навлеговме во имплементацијата на Дополнителниот протокол 6 за трговијата со услугите. - Консолидираниот пазар на ЦЕФТА  претставува можност за експанзија на бизнисите кои ги нудат своите услуги електронски. Иако поеднинечно мали пазари, членките на ЦЕФТА претставуваат заедно интегриран пазар од околу 20 милиони потрошувачи со проценет приход од околу 1 милјарда евра кои би им овозможиле на локалните бизниси да ја прошират својата работа инвестирајќи во нови технологии и процеси, кадар, маркетинг и друго. Но, од друга страна има многу бариери кои попречуваат ЦЕФТА пазарот да се смета за еден интегриран пазар. Тоа се недостатокот на стандардите, различната регулатива, високите трошоци при испораката, недоволното дигитално знаење како предуслов за е -трговијата и друго, рече Бектеши. Тој додаде дека како резултат на тоа некои компании продолжуваат да се ограничуваат само на локалните пазари, додека останатите кои се трудат да ги надминат овие проблеми, имаат за цел експанзија на поголеми пазари и зголемување на бројот на потрошувачи, чиј значаен двигател е електронската трговија Министерот Бектеши потенцираше дека со овој проект и праксата која ќе следи очекува дека ќе доведе кон елиминирање на четирите гео-блокирачки фази во електронстата трговија и тоа пристапот, регистрацијата, испораката и плаќањата, односно ќе овозможи подетални согледувања за овие мерки кои го успоруваат процесот на развивање на е-трговијата кај нас и во рамки на ЦЕФТА .

Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија истакна дека овој проект служи за поддршка на регионалната економска интеграција односно на создавање заеднички регионален пазар, како и подобрување на трговските односи меѓу земјите.

- Мислам дека постои огромен простор за натамошен развој. Ние сме тука да го искористиме овој потенцијал и да ја помогнеме оваа економска соработка помеѓу земјите во регионот. Успехот на овој проект во голема мера ќе зависи од чувството на сопствеништво што ќе се постигне кај нашите засегнати страни, се со цел да се идентификуваат посточеките пречки со коишто се соочуваат економските оператори во регионот и да се надминат, рече Худолин.

Ото Граф, заменик-раководител на Мисијата на Германската амбасада во земјава вели дека Германија е посветена на Берлинскиот процес уште од 2014 година и оти еден од основните столбови на овој процес е да се зајакне економската соработка и економскиот напредок во регионот. - Причината за ова е едноставна. Земјите од регионот главно се мали и немаат големи производствени капацитети и се јавуваат потешкотии во поставувањето на производството во таквите средини. Со овој проект се обидуваме да ги поврземе овие претпријатија, за да  постигнеме состојба во која претпријатијата во регионот ќе може да растат не само во поглед на својата димензија, туку во своите производствени капацитети. Значи на подобрување на нивната конкуренција. Земјите што ќе бидат успешни во однос на конкуренцијата на нивото на Западен Балкан ќе бидат успешни и на пошироко меѓународно ниво, рече Граф.

Емир Џикиќ, директор на ЦЕФТА Секретаријатот смета дека ова е многу многу битен проект за сите земји членки за ЦЕФТA, особено во поглед на реализацијата и остварувањето на акцискиот план за регионалниот заеднички пазар што беше днесен и усвоен од сите овие седум земји членки пред неколку години.

-Во рамките на овој проект ќе се работи на постигнување на квалитетна инфраструктура во регионот. И ова ќе и им помогне на сите засегнати страни да ја подобрат својата меѓусебна трговска соработка, како и трговската соработка со ЕУ.  Се надеваме на самиот крај од оваа операција дека овие земји ќе станат успешни, ќе успеат да пристапат кон заедничкиот пазар на ЕУ, рече тој

Давид Оберхубер, претставник на ГИЗ во Северна Македонија, на презентацијата на пероектот истакна дека неговата реализација претствува ново поглавје за олеснување и подобрување на трговската размена во регионот.

- Изминатите години главен акцент беше ставен на административните процедури, и тука работевме заедно со ЦЕФТА, нашиот политички партнер во овој проект. Значи токму справувањето со оваа административна компонента е многу битна, бидејќи токму од овде произлегуваат голем дел од трошоците со коишто се соочуваат економските оператори кога работат во регионот. А од друга страна работата на квалитетна инфраструктура, како и на развојот на е-трговијата е уште еден чекор понатаму во соработката со претпријатијата од регионот. Битно е да се поедностави за сите постпаки за претпријатијта во регионот, рече тој.

Според него, во поглед на е-трговијата се развива значи постојат големи промени на ова поле во последните две години и се работи на развивање на една платформа која што ќе им овозможи на малите и на средните претпријатија да ги продаваат своите производи на регионално и пошироко ниво .

Проектот е поддржан од Европската комисија и германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).  сст/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан