• сабота, 13 декември 2025

Промовиран долгометражниот филм „Последна карта“ на Анита Стојчевски во НУ Музеј Куманово

Промовиран долгометражниот филм „Последна карта“ на Анита Стојчевски во НУ Музеј Куманово

Куманово, 1 октомври 2025 (МИА) - „Последна карта“ е најновиот долгометражен документарен филм на Анита Стојчевски, кустос советник етнолог кој премиерно беше прикажан вчера, во лапидариумот на НУ Музеј Куманово, во рамките на одбележувањето на „Европски денови на културно наследство 2025“. Присутните имаа можност да ја проследат темелно обработената проблематиката на стапување во брачна заедница на старите ергени од козјачкиот регион со невести од Албанија.

- Филмот го работев многу години, истражував, поради одредени оправдани причини. Годинава целосно го завршив со монтажа, музика. Филмот е посветена на ергените од козјачијата кои заминуваат и бараат невести во Албанија, со кои склопуваат брак. Опфатени беа повеќе села Длабочица, Алгуња , Младо и Старо Нагоричане, Довезнеце. Тешко беше да се заврши филмот, поради непристапен терен. Имавме интересни ситуации, вели Стојчевски.

Стојчевски со овој филм ќе конкурира на фестивалите во Кан, Берлин, Париз, Брисел. Авторката има богато искуство во создавање етнолошки филмови, наградувани на домашни и европски фестивали, посветена е на теми од духовниот живот, материјалната култура, има осум краткометражни филмови со кои учествува насекаде во Европа, Англија, Париз, Риека, Белград, Софија, Малта.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово. ам/

Фото: МИА

Остани поврзан