Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечер посветена на македонската културна мисла
- Во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа културниот настан „Книжевни портрети“, што претстави значајно збогатување на актуелниот литературно-научен дискурс. Вечерта беше посветена на промоција на две нови книги од истакнатите авторки проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и проф. д-р Наташа Аврамовска - дела што ги отвораат прашањата на културното наследство, неговото вреднување, како и местото на книжевните споменици во националната меморија. Овој културен настан го отвори директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, а се обрати и Пејка Трајановска, заменик амбасадор во македонската Амбасада во Софија, информираат попладнево од Центарот.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.