• недела, 22 декември 2024

Промовирана книгата „Овошјето храна и лек“ од професорките Ана Селамовска и Елизабета Мискоска Милевска

Промовирана книгата „Овошјето храна и лек“ од професорките Ана Селамовска и Елизабета Мискоска Милевска

Велес, 5 април 2023 (МИА) - Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска беше промирана  книгата „Овошјето храна и лек “ од проф. д-р Ана Селамовска и проф. д-р Елизабета Мискоска Милевска. На 270 страници целосно се разработени 33 видови на овошки, како и 65 табели со нивни информации и 38 фотографии во боја од овошки фотографирани од авторките на книгата.

Проф. д-р Елизабета Мискоска Милевска од Институтот за храна пред бројните присутни меѓу кои и средношколци од ССОУ „Коле Неделковски“ посочи дека главната цел на книгата која ја пишувале за време на пандемијата била да го променат мислењето на луѓето дека овошјето е само храна, туку е и лек за многу болести кај човекот.

Проф. д-р Ана Селамоска од Земјоделскиот институт на присутните им препорача да конзумираат овошје бидејќи тоа има три важни улоги за самиот организам.  има градежна улога бидејќи го градат организмот , од сите елементи што се наоѓаат во составот на човековиот организам и кај животните.Градежната улога ја имаат со  белковините и мастите. Имаат енергетска фунција, тоа се шеќерите и мастите и имаат заштитна улога- присуството на високото богатство на витамини и минерали,полифенали како фини. Сето ова прикажува дека овошјето има заштитна улога.Тоа значи заштита превенција од многу болести и од сите негативни влијанија од биотичките и небиотичките фактори,кои секојдневно го бомбадираат човечкиот организам  и создаваат кардиоваскуларни и канцерогени заболувања.

- Како лек се препорачуваат овошните плодови од разни заболувања. Тие се користеле во народната медицина ги користеле старите народи и ги користат и денес но се користат и денес. Само што во народната медицина тоа не било научно докажано. Сега со развојот на хемијата, со испитувањето на овошните плодови веќе има доказ дека овошјето служи како лек и превенција за многу болести, порача Селамоска.

Проф. Мискоска Милевска информира дека е прва литература од ваков вид на македонски јазик. Таа појасни дека дел од информациите наменети за лекувањето се поткрепени и со научни истражувања.

оа не се информации само од народната медицина туку и истражувања, а со кои се потврдуваат лековитите карактеристики на овие 33 овошни видови, појасни Мискоска Милеска.

Присутните на промоцијата поставуваа повеќе прашања во врска со лековитоста на овошјето и добија соодветни научни одговори од професорките. Воедно ученици од ССОУ „Коле Неделковски“за време на промоцијата на засебна маса од разни видови на овошја за присутните подготвија и поделија вкусна и здрава овошна салата. ад/мс/

 

Остани поврзан