• сабота, 18 мај 2024

Променливо облачно, магливо по котлините

Променливо облачно, магливо по котлините

Скопје, 5 јануари 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно, со магла по котлините, а попладне ќе се зголеми облачноста. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно магливо, а околу пладне маглата делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до утре претпладне времето ќе биде стабилно со магла по котлините. Под влијание на циклонска активност од утре кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места. вј/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан