• вторник, 26 ноември 2024

Промена на личните документи во Куманово се спроведува тековно

Промена на личните документи во Куманово се спроведува тековно

Куманово, 20 декември 2023 (МИА) - Во одделението за управни работи Куманово најмногу се издадени пасоши со новото име на државава, информираа денеска од СВР Куманово.

- Од почетокот на изработка на лични документи од 5. јули 2021 по основ на промена на новото име Република Северна Македонија, во Одделението за управни работи Куманово издадени се вкупно 186.400 лични документи, соопштија од СВР.

Од нив 81.430 патни исправи, 66.600 лични карти и 38.370 возачки дозволи. Одделението за управни работи Куманово, работи во две смени од 07:30 до 19:30 часот и од четирите кабини за фотографирање две работат со граѓани кои имаат закажани термини и две кабини се наменети за оние граѓани кои немаат закажано термини. ам/ир

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан