Продолжува црната серија на Манчестер сити, пораз за „Граѓаните“ во дербито со Ливерпул
- Ливерпул вечерва на домашен терен го совлада Манчестер сити со 2:0 во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата.

Ливерпул, 1 декември 2024 (МИА) - Ливерпул вечерва на домашен терен го совлада Манчестер сити со 2:0 во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата.
Головите ги постигнаа Коди Гакпо и Мохамед Салах (пенал), кој имаше и асистенција.
Ливерпул ја освои четвртата победа во низа во Премиер лигата. Екипата на Арне Слот постигна 34 бода и води на првенствената табела. На второто место се Арсенал и Челзи со по 25 бодови.
Манчестер сити ја продолжи серијата без победа на седум натпревари во сите натпреварувања - шест порази и еден нерешен резултат.
Тимот на Пеп Гвардиола се наоѓа на 5. место на табелата во Премиер лигата со 23 бода. зс/
Фото: ЕПА