Продолжуваат работите за подобрување на електромрежата во областа Гора- Косово
- Продолжуваат работите за подобрување на електромрежата во областа Гора - Косово, со цел редовно и непречено снабдување со електрична енергија на жителите.
Дебар, 12 јули 2025 (МИА) - Продолжуваат работите за подобрување на електромрежата во областа Гора - Косово, со цел редовно и непречено снабдување со електрична енергија на жителите.
Освен што се во тек работите на изградбата на далноводот од Бука до Рестелица, во Рестелица почнаа да се градат трафостаници кои значително ќе го подобрат снабдувањето со електрична енергија, особено во населбата Висок Завор, но и во остатокот од селото.

-Во текот на претходниот период добивме бројни барања од граѓани, особено од дијаспората, кои посочија сериозни проблеми предизвикани од нестабилното снабдување со електрична енергија и лошите услови за живот. Решението е на повидок и цврсто веруваме дека ваквите проблеми наскоро ќе бидат решени и никогаш повеќе нема да се случат, објави Адем Хоџа, претседател на партијата Единствена горанска партија, и пратеник во косовскиот парламент.
Упатува благодарност до косовското електростопанство и Општина Драгаш за финансирањето на овој проект, посебно до градоначалникот Беџет Џеладини, чија „упорност и разбирање на потребите на граѓаните на Гора даваат конкретни резултати".
Во областа Гора на косовска страна распослани се 19 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик. вт/дма/
Фото: Адем Хоџа ФБ