Потпишан договор за изградба на Дом за стари лица во Кочани
- Локалната самоуправа на Општина Кочани склучи договор вреден 247.677.656,01 денари или нешто повеќе од 4 милиони евра со компанијата „Фишер-Тихи“ од Куманово за изградба на Дом за стари лица. Фирмата ќе ги изврши припремните, земјените, бетонските, браварските и лимарските работи. Компанијата „Стентон градба“ од Битола ќе работи на ѕидарските, фасадерските, изолационите, армирачки, столарски, керамички и други работи утврдени со договорот.
Кочани, 25 март 2026 (МИА) - Локалната самоуправа на Општина Кочани склучи договор вреден 247.677.656,01 денари или нешто повеќе од 4 милиони евра со компанијата „Фишер-Тихи“ од Куманово за изградба на Дом за стари лица. Фирмата ќе ги изврши припремните, земјените, бетонските, браварските и лимарските работи. Компанијата „Стентон градба“ од Битола ќе работи на ѕидарските, фасадерските, изолационите, армирачки, столарски, керамички и други работи утврдени со договорот.
Команиите имаат рок од две години да ги завршат своите работни активности.
Стречкиот дом во Кочани ќе се простира на површина од околу 4.000 илјади квадратни метри, во кругот на поранешната касaрна.
Објектот ќе располага со четири ката, подпокрив и подрумски простории, ќе биде со капацитет од околу 150 кревети, а предвидени се и простории за медицинска нега, рекреација и социјални активности, при што ќе се искористат и геотермалните води.
Домот ќе биде во државна сопственост и за разлика од приватните, ќе понуди подостапни цени.
Финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени преку унгарскиот кредит. ис/вј/
Фото: МИА