• четврток, 27 јуни 2024

Продолжуваат преговорите за формирање на идната белгиска влада

Продолжуваат преговорите за формирање на идната белгиска влада

Брисел, 19 јуни 2024 (МИА) - Разговорите за формирање на следната федерална влада на Белгија продолжуваат откако кралот Филип денеска го продолжи за уште една недела рокот даден на победникот на изборите на 9 јуни, Барт де Вевер (Нова фламанска алијанса, НФА) за консултации, објавија локалните медиуми.

Преговарачкиот тим ќе се прошири и ќе го вклучи и поранешниот вицепремиер Јан Јамбон. Според извори цитирани во медиумите, се појавува коалиција меѓу НФА, „Напред“ и „Демохристијаните и Фламанците“ на страната на Фландрија, и Движењето за реформи и „Сојузниците“ на страната на Валонија.

Во соопштението од Палатата се изразува очекувањето за брзо формирање на нова постојана коалиција и утврдување на нејзините примарни задачи. Медиумите забележуваат дека наведените можни коалициски партнери имаат спорови, меѓу кои како главен се јавува прашањето за намалување на буџетските расходи за здравството. Според помалите партии, не се потребни промени во оваа област, туку треба да се прибегне кон зголемување на даноците за богатите.

Кралот Филип денеска го прими Барт де Вевер по трет пат по изборите. Нивната следна средба е закажана за 26 јуни. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан