• понеделник, 23 декември 2024

Судот во Хаг го осуди лидерот на групата поврзана со Ал Каеда

Судот во Хаг го осуди лидерот на групата поврзана со Ал Каеда

Хаг, 27 јуни 2024 (МИА) - Меѓународниот кривичен суд денеска го осуди лидерот на групата поврзана со терористичката организација Ал Каеда за верски прогон и тортура на затвореници во Мали во 2012 и 2013 година, кога тој беше началник на исламската полиција во градот Тимбукту. Ал Хасан Аг Абдул Азиз Аг Мохамад Аг Махмуд се соочува со доживотен затвор.

Судот утврди дека 47-годишниот Малиец бил клучен член на Ансар Дина, исламска екстремистичка група поврзана со Ал Каеда, која во тоа време беше на власт во Мали. На судењето беше откриено дека затворениците биле малтретирани со тоа што биле држени во мали валкани ќелии и постојано камшикувани.

„Самиот Ал Хасан им нанесе најмалку 34 и 37 удари со камшик на двете машки жртви“, беше кажано на судењето.

Како што беше наведено, жените и девојките страдаа особено под режимот на Ансар Дине, соочени со физичко казнување и затвор, рече тогашниот главен обвинител Фату Бенсуда на почетокот на судењето на Ал Хасан пред речиси четири години. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан