Продлабочување на македонско-американската соработка на трансатлантскиот форум во Вашингтон
- На трансатлантскиот форум во Конгресот на САД, пратениците Драган Ковачки, Славјанка Петровска и Илир Хасани остварија средба со конгресменката Деби Дингел, ко-претседавач на Американско-македонскиот група.
Скопје,11 декември 2025 (МИА) - На трансатлантскиот форум во Конгресот на САД, пратениците Драган Ковачки, Славјанка Петровска и Илир Хасани остварија средба со конгресменката Деби Дингел, ко-претседавач на Американско-македонскиот група.
Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, на средбата тие изразиле искрена благодарност за континуираната и исклучително важна поддршка што САД ѝ ја даваат на Северна Македонија, како во процесите на евро-атлантската интеграција, така и во зајакнувањето на нашата безбедност, одбранбени капацитети и демократски институции.

-На крајот од средбата беше ставен акцент на потребата да продолжи продлабочувањето на соработката со американските сојузници и зацврстувањето на местото на Северна Македонија како доверлив партнер во НАТО, се наведува во соопштението.
Пратениците оствариле и други средби со претставници на Конгресот. ев/са/
Фото: Собрание