• петок, 17 мај 2024

Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија 

Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија 

Брисел, 2 мај 2024 (МИА) – Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ.  

ИРМ информира дека се очекува на места да наврнат над 20 милиметри воден талог дожд за еден час, додавајќи дека во случај на пообилни врнежи можно е метео алармот да се подигне на портокалово ниво, пред се во најисточните делови на Белгија во близина на границата со Германија. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан