• сабота, 18 мај 2024

Пробиштип набави две електрични машини за чистење од Брако - градот инвестира во еколошко одржување на урбаната хигиена

Пробиштип набави две електрични машини за чистење од Брако - градот инвестира во еколошко одржување на урбаната хигиена

Општина Пробиштип од октомври се придружи на големото семејство на општини и градови на светско ниво, кои ја одржуваат градската хигиена со возилата на БРАКО од линијата Грин Машинс. Набавени се две возила од електричниот модел 400 ze, лесни за управување, софистицирани и опремени со најсовремена технологија, тивки при работата, еколошки и исклучително ефикасни во градски средини.

Стручниот тим од Грин Машинс ги обучи лицата од јавното комунално претпријатие кои ги презедоа машините и кои ќе ги оперираат, со што веднаш ќе можат да се видат ефектите од нивниот ангажман на улиците на Пробиштип.

Ова возило е едно од најбараните од својата категорија во целиот свет, а развојниот инженерски тим во БРАКО и Грин Машинс го има иновирано и во него го има вградено најсовремениот систем за рециркулација на воздухот, со кој се зголемува вмукувачката моќ и се овозможува собирање и филтрација на правот и на најситните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички. Моделот 400 ze e особено атрактивен затоа што овозможува прецизно рачно управување и со тоа лесна манипулација со возилото и пристигнување до тешко достапни локации, како и одржување на хигиена во тесни улички, пешачки патеки, паркови, трговски центри, аеродроми и други локации каде има голема фреквенција на луѓе и поставени апликации долж патот.

Department fot Public Affairs, Media Relations, Marketing and Protocol

Fero Invest DOO Skopje

Boulevard Kliment Ohridski 30

Skopje Republic of North Macedonia

E-mail: press@feroinvest.mk

Phone: +389 2 5514 000 Mob: +389 75 402 786

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан