• понеделник, 23 декември 2024

При претрес во струмичко, пронајдена е дрога и приведени се две лица

При претрес во струмичко, пронајдена е дрога и приведени се две лица

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера ги лишиле од слобода И.Г. (41) и Т.Г. (41) од село Просениково, струмичко, бидејќи при претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Како што информира денеска МВР, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан