• сабота, 18 мај 2024

При претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

При претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

Скопје, 23 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Свети Николе денеска го лишиле од слобода Л.Б.(34) од Свети Николе.

Како што информираат од МВР при претрес во неговиот дом во Свети Николе, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени марихуана и дигитална вага.

За случајот е известен е јавен обвинител и по негово комплетно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.свс/дма/

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан