Притвор од месец дена за косовски Србин, поранешен полицаец, осомничен за шпионажа во корист на Србија
- Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на поранешниот припадник на Полицијата на Косово, Александар Влајиќ, осомничен за кривичните дела „Шпионажа“ и „Неовластено поседување, контрола или сопственост на оружје“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Приштина, 28 јуни 2024 (МИА) – Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на поранешниот припадник на Полицијата на Косово, Александар Влајиќ, осомничен за кривичните дела „Шпионажа“ и „Неовластено поседување, контрола или сопственост на оружје“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Влајиќ, како што соопштија надлежните органи, бил уапсен во средата навечер по неколкумесечни истраги на Косовската разузнавачка агенција (КИА) и косовската полиција.
Според медиумите во Приштина, Влајиќ се сомничи дека вршел шпионски дејствија во корист на разузнавачките служби на Србија.
Пред една недела за истото дело во Урошевац беа уапсени две лица, косовски Албанци, на кои исто така им е одреден едномесечен притвор. иа/ссм/