• недела, 22 декември 2024

Прилеп домаќин на Светското првенство во спортско воздухопловно моделарство

Прилеп домаќин на Светското првенство во спортско воздухопловно моделарство

Прилеп, 6 август 2024 (МИА) - Од утре (7 август) до петок (9 август) во близина на Прилеп ќе се одржува Светското првенство во спортско воздухопловно моделарство. 

Ќе се натпреваруваат околу 150 јуниори од 16 земји од светот во повеќе категории. Ќе се натпреваруваат и ќе очекуваат највисоки одличја.

- Денеска е регистрацијата на тимовите и нивните модели за натпревар. А вечер во центарот на Прилеп на плоштадот Александрија е свеченото отворање на првенството. Денес, воедно, ќе ја промовираме и воздухопловната поштенска марка, која е и јубилејна. Изразуваме голема благодарност до „Македонски пошти“ за овој гест. Утре, рано наутро почнуваат натпреварувањата на теренот кај селото Веселчани, каде досега се одржуваа и параглајдферските надлетувања.  Утре се натпреварите во едриличарството, в четврток се натпреварите со модели на гумен мотор со елиси, а в петок се натпреварувањата со моделите на класичен мотор со внатрешно согорување. Задоволството е големо како и честа што кај нас се одржува светското првенство. Ова е врвен светски настан, изјави Здравко Тодороски, претседател на прилепскиот клуб „Фил феникс“ кој со македонската воздухопловна асоцијација е организатор на ова првенство, на денешната прес-конференција.

Ова е петто меѓународно првенство што се организира во Прилеп.

Инаку, од меѓународната воздухопловна организација, на Прилеп и на Македонија им е доделено првенството повторно во 2026 година. ем/зс/

Фото: МИА

Остани поврзан