• петок, 22 ноември 2024

Привремен прекин на телефонската линија 911 во неколку американски држави

Привремен прекин на телефонската линија 911 во неколку американски држави

Пиер, 18 април 2024 (МИА) - Прекин на телефонската линија 911 синоќа имало во најмалку четири американски сојузни држави и тоа во цела Јужна Дакота и делови од Небраска, Невада и Тексас. Проблемот со линијата е решен, но официјалните лица не ги прецизираа причините.

Американското Министерство за домашна безбедност предупреди на зголемен ризик од сајбер напади против системот за итни случаи. Неколку сајбер напади доведоа до негов прекин, при што еден во 2017 година ги парализираше неговите центри во повеќе од десет држави.

Одделот за јавна безбедност на Јужна Дакота, полицијата во Лас Вегас, властите во Даглас, Небраска и Дел Рио, Тексас пријавија проблеми со системот 911. Полицијата во Дел Рио соопшти дека прекинот бил предизвикана од проблем со локален оператор на мобилни телефони, а не од службата.

Подоцна полицијата во Лас Вегас соопшти дека линијата 911 повторно во функција и дека на секој кој побарал помош во тоа време му е помогнато. рп/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан