• среда, 17 јули 2024

Приведен 26-годишник, пронајдени огревни дрва без документација

Приведен 26-годишник, пронајдени огревни дрва без документација
Скопје, 20 ноември 2022 (МИА) - Полицијата од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево вчера го привела 26-годишниот А.И. од село Палиград, во чие возило биле пронајдени огревни дрва без потребната документација.

- На влез во село Долно Количани, при преглед на патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И., биле пронајдени огревни дрва без потребната документација. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР. хс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан