• сабота, 27 април 2024

Приведен 20-годишник од липковско село по претрес во неговиот дом

Приведен 20-годишник од липковско село по претрес во неговиот дом

Скопје, 14 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, денеска во 10.45 часот го лишиле од слобода 20-годишниот Р.И. од липковско село, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис, појаснуваат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/сп/

ФОТО: Архива

Остани поврзан