• сабота, 27 јули 2024

Приведен штипјанец поради бегство од штипскиот затвор

Приведен штипјанец поради бегство од штипскиот затвор

Скопје, 25 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници лишиле од слобода штипјанец баран по распишана потерница од затворот во Штип, каде избегал додека издржувал казна затвор.

-Денеска во 00:05 часот на автопат А1, во правец од Неготино кон Градско, во близина на „Црвени брегови“, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за гранични работи Југ е лишен од слобода Р.Џ.(26) од Штип, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. 

Лицето е приведено и спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан