• четврток, 16 мај 2024

Приведен скопјанец, баран со потерница за издржување на затворска казна

Приведен скопјанец, баран со потерница за издржување на затворска казна

Скопје, 27 септември 2023 ( МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска на булеварот „Борис Трајковски“ го лишиле од слобода Д.Ј.(41) од Скопје.

Како што известуваат од МВР, тој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор,  во врска со сторено кривично дело по чл.386 од Кривичниот законик.

Лицето  ќе биде предаден на надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната. љм/sa/

Фото: МИА архива

Остани поврзан