Приведен осомничен крадец во Куманово
- Кумановската полиција синоќа во 21:30 часот во Куманово го лишила од слобода Џ.И. (27) од Виница. Тој се сомничи дека истиот ден во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Куманово одзел мобилен телефон.
Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Кумановската полиција синоќа во 21:30 часот во Куманово го лишила од слобода Џ.И. (27) од Виница. Тој се сомничи дека истиот ден во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Куманово одзел мобилен телефон.
Како што информираат денеска од МВР, Џ.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. сст/мд/
фото МИА архива