• сабота, 27 јули 2024

Приведен малолетник за тешка кражба во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Приведен малолетник за тешка кражба во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Скопје, 8 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници вчера во Скопје, привеле малолетник за тешка кражба извршена во скопското село Ќојлија. Малолетникот го признал делото, а одземеното му било вратено на сопственикот.

- Вчера, во 14.30 часот, во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба е лишен од слобода малолетник од скопско, поради постоење основано сомнение дека на 20 август 2023 во с. Ќојлија, скопско одзел предмети од С.З., а потоа ги продал на друго лице, известуваат од МВР.

По извршениот службен разговор, малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

- По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл. 236 од Кривичниот законик, соопштуваат од полицијата. ир/аа/

Фото: МВР архива

Остани поврзан