• петок, 22 ноември 2024

Приведен кумановец за кражба

Приведен кумановец за кражба

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа го лишиле од слобода лицето М.Д.(42) од Куманово поради сомнение за кражба.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека лицето се сомничи дека синоќа, со употреба на сила, влегол во трговски објект на улица „Доне Божинов“ во Куманово и одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а осомничениот бил приведен во полициска станица.

Како што потврдија, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. сан/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан