• понеделник, 25 ноември 2024

Приведен криумчар од Струга, превезувал 33 мигранти на автопатот А1 кај Гевгелија

Приведен криумчар од Струга, превезувал 33 мигранти на автопатот А1 кај Гевгелија

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - На автопатот А1 во близина на Гевгелија, денеска во 11:30 часот полициски службеници пронајдоа 33 мигранти во товарно возило „Фиат дукато“ со охридски регистерски таблички.

Возачот со иницијали И.М. (41) од Струга е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

-Денеска (27.09.2023) во 11.30 часот полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, го лишија од слобода И.М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато“ со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението на МВР. ра/са/

ФОТО: МИА

Остани поврзан