• среда, 29 јануари 2025

Приведен криминалец за издржување затворска казна од 11 години

Приведен криминалец за издржување затворска казна од 11 години

Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - МВР соопшти дека на 26.01.2025 околу 22.30 часот на улицата „Караорман“ во Битола, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во содејство со СВР Битола, Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода М.К.(24) од Скопје.

Тој бил баран по девет централни потерници од Казнено - поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје и од Основното јавно обвинителство Скопје за издржување на казна затвор од 11 години и три месеци.

При лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. М.К. бил предаден во Полициска станица Битола за понатамошна постапка. мч/са/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан