• среда, 24 јули 2024

Приведен крадец од Скопје осомничен за кражби во возила

Приведен крадец од Скопје осомничен за кражби во возила
Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера со наредба на Основен кривичен суд Скопје,  извршиле претрес во домот на Е. Н. (20) од Скопје, кој се сомничи дека извршил кривични дела „тешка кражба“ во возила и при претресот биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
 
Од МВР, информираат дека лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор. аа/
Фото: МИА архива
 

Остани поврзан