• четврток, 26 декември 2024

Приведен крадец, одземеното возило ќе му биде вратено на сопственикот

Приведен крадец, одземеното возило ќе му биде вратено на сопственикот

Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - МВР сооошти дека вчера, во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И. (35) од село Доброште кој се сомничи дека одзел патничко возило „опел вектра“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Р.В.(37) од с.Доброште.

Случајот беше пријавен на 03.12.2024 во Полициското одделение Теарце.

Д.И. е задржан во полициска станица за натамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок, додека одземеното возило ќе му биде вратено на сопственикот. мч/лв/

фото: МИА архива

Остани поврзан