• петок, 26 април 2024

Приведен крадец во Скопје, фатен на дело

Приведен крадец во Скопје, фатен на дело

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишила од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, со живеалиште во Скопје, кој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром.

Како што информираат од МВР, лицето било задржано во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан