• среда, 24 април 2024

Приведен крадец во Скопје  

Приведен крадец во Скопје  

Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Во Скопје синоќа во 21:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.И.(32) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 20:30 часот на подрачје на Аеродром се обидел да одземе чанти на Е.Д.(37) од Скопје и од нејзината ќерка, но не успеал.

Како што информираа денеска од МВР, тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан