• четврток, 26 март 2026

Градоначалникот Гоцевски изврши увид во текот на реализацијата на проект на улица „Драмечка“ во Делчево

Градоначалникот Гоцевски изврши увид во текот на реализацијата на проект на улица „Драмечка“ во Делчево

Делчево, 23 декември 2025 (МИА)  - Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денес изврши увид на дел од улицата „Драмечка“, како и на крак од истата улица, каде што во моментов се реализира проект за изградба на дел од улицата и дел од атмосферската канализација.

Како што информира Гоцевски, целта на теренската посета била директно запознавање со текот и квалитетот на досегашните градежни активности. 

-Проектот предвидува изградба на улица со вкупна должина од 155 метри, со што значително ќе се подобрат условите за сообраќај, безбедно движење и ефикасно одведување на атмосферските води во овој дел од градот, информира Гоцевски.

Вкупната вредност на проектот изнесува 2.862.015 денари, средства кои се обезбедени од Министерството за транспорт на Република Македонија. 

-Изведувач на градежните работи е компанијата „ОСД Кирил“ од Штип, а реализацијата на проектот е планирано да продолжи и во текот на 2026 година, додаде градоначалникот.

Гоцевски нагласи дека Општина Делчево ќе продолжи со директен надзор и активна теренска работа, со цел сите инфраструктурни проекти да се реализираат квалитетно, навремено и во интерес на граѓаните. вс/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан