• четврток, 02 мај 2024

Приведен крадец во Свети Николе, расчистени две тешки кражби

Приведен крадец во Свети Николе, расчистени две тешки кражби

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Полицијата од Свети Николе вчера го лишила од слобода В.Б.(41) од истиот град, кој се сомничи дека на претходниот ден во продажен објект во Свети Николе извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Лицето, пак, во текот на вчерашниот начин, извршил кривично дело „тешка кражба“ од куќа која се наоѓа, исто така, во Свети Николе, од каде одзел повеќе предмети.

Како што информираат денеска МВР, во службен разговор во полициска станица, тој ги признал делата, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените. По целосно документирање на случаите, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави. сст/мд/

Остани поврзан