• четврток, 03 октомври 2024

Приведен крадец во Куманово

Приведен крадец во Куманово

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, вчера 18:30 часот лишиле од слобода седумнаесетгодишен кумановец поради сомнение дека од угостителски објект на улица „Моша Пијаде“ во Куманово одзел повеќе предмети.

Како што соопшти денеска МВР, дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. дма/нд/

Фото:МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан