• петок, 19 јули 2024

Приведен крадец во Кавадарци, расчистени шест кривични дела „ тешка кражба“

Приведен крадец во Кавадарци, расчистени шест кривични дела „ тешка кражба“

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - По преземени мерки и активности, на 02.04.2024 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Е.(42) од село Орланци, општина Арачиново, соопштија денеска од МВР.

Тој се сомничи дека на подрачјето на ОВР Кавадарци извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“.

- Н.Е. е задржан во полициска станица и во службен разговор тој признал шест кривични дела „тешка кражба“, кои ги извршил во правни лица, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. цр/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан