• вторник, 23 јули 2024

Приведен дилер, претрес во Кавадарци, пронајдени различни видови дрога

Приведен дилер, претрес во Кавадарци, пронајдени различни видови дрога

Скопје, 24 јули 2023 (МИА) - Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Единица за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје денеска го лишиле од слобода Ј.А.(30) од Кавадарци.

 - По претходно преземени мерки и активности и врз основа на судска наредба, извршен е претрес на дом во Кавадарци во кој тој престојува, при што беа пронајдени една ќеса и повеќе пакувања со марихуана, пакување со кокаин, пакување со амфетамин, дигитална вага со траги од дрога и поголем износ на пари во различни валути, соопштија од МВР.  

Ј.А. е приведен во ОВР Кавадарци и по комплетно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. цр/дма/

Фото:МВР

Остани поврзан