Приведен дилер од Гостивар за издржување затворска казна
- Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, со судска наредба, го привеле 28-годишниот гостиварец А.И..

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, со судска наредба, го привеле 28-годишниот гостиварец А.И..
Како што известува МВР, тој се барал за издржување на затворска казна од година и пол за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ за издржување на казната. љм/са/
Фото: МИА архива