• сабота, 22 март 2025

Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка Скопје вчера во 19.50 часот на улица „Бане Вељаноски“ во Гостивар го привеле И.Б.(34) од Гостивар.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 став 2 од Кривичниот законик.

-Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, информира денеска МВР. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан