• недела, 08 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен велешанец , кај него пронајдена дрога

Приведен велешанец , кај него пронајдена дрога

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници  од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера во 12.50 часот, го лишиле од слобода К.Р.(54) од Велес, соопштија денеска од МВР.

- При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, пиротехнички средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. К.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението. цр/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан