• вторник, 25 јуни 2024

Приведено лице од ресенско за исечени 12 м3 огревни дрва

Приведено лице од ресенско за исечени 12 м3 огревни дрва

Скопје, 29 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници лишиле од слобода лице од с.Волкодери, ресенско, за исечени околу 12 м3 огревни дрва, при што му биле пронајдени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР.

-На 29.10.2023 во с.Волкодери , ресенско, полициски службеници од СВР Битола- ОВР Ресен и РЦ ГР Запад  го лишиле од слобода С.Ц.(41) од с.Волкодери, ресенско. При тоа биле пронајдени и одземени исечени околу 12 м3 огревни дрва, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР. ра/нд/

Фото: МВР

Остани поврзан