• сабота, 27 април 2024

Приведен охриѓанец во чиј дом била пронајдена дрога

Приведен охриѓанец во чиј дом била пронајдена дрога

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 10.00 часот, го лишиле од слобода Н.П.(34) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од кокаин.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/сп/

Фото: МИА

Остани поврзан