• вторник, 30 април 2024

Приведено лице барано по потерница

Приведено лице барано по потерница
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 16:00 часот во село Банско, на локален пат за село Свидовица, струмичко, го лишиле од слобода С.К.(53) од Скопје. -Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 18 месеци за сторено кривично дело „кражба" по член 235  од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти МВР. дма/

Остани поврзан