Приведени три лица, претрес во Велес, пронајдена дрога
- Во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера во 15.10 часот ги лишиле од слобода 30-годишната М.А., П.Т.(34) и Б.А.(42), сите од Велес, соопштија денеска од МВР.
Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера во 15.10 часот ги лишиле од слобода 30-годишната М.А., П.Т.(34) и Б.А.(42), сите од Велес, соопштија денеска од МВР.
- При претрес во домот на М.А., извршен со наредба од Основен суд Велес, каде биле затекнати П.Т. и Б.А., биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, таблети и дигитална вага, стои во соопштението.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/нд/
Фото: МИА архива