• четврток, 18 јули 2024

Приведени криумчари на мигранти, пронајдени шест лица од Сирија во близина на браната Паљурци

Приведени криумчари на мигранти, пронајдени шест лица од Сирија во близина на браната Паљурци

Струмица, 13 септември 2023 (МИА) - Вчера во близина на браната Паљурци, Општина Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода А.Н.(22) и Р.А.(28), двајцата од Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопштија денеска од МВР.

Како што се наведува во соопштението, во 13:55 часот на патот Дојран - Богданци, кај браната Паљурци, полициски службеници забележале како во патнички возила „опел“ и „ауди“ со скопски регистарски ознаки влегуваат мигранти и тргнале по нив. Набргу, возилата застанале и возачите го напуштиле местото, а во близина на возилата биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности, биле пронајдени А.Н. и Р.А. и биле лишени од слобода.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан